Белгија ќе избира меѓу Јоаким Лев, Маурисио Покетино и Андре Вилјаш Боаш за нов селектор по заминувањето на Роберто Мартинез. Шпанецот ги напушти „црвените ѓаволи“ по шест години и разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар, каде тимот постигна само еден гол и не успеа да се извлече од групната фаза.
Тој потоа беше назначен за селектор на Португалија.
Сега белгискиот весник „Nieuwsblad“ тврди дека челниците на Фудбалската асоцијација ќе се состанат овие денови за да разговараат за тоа кој ќе го наследи поранешниот шеф на Евертон.
Јоаким Лев е единственото од трите споменати имиња со искуство на меѓународно ниво, откако помина 15 години на чело на Германија, водејќи ја до титулата на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а замина седум години подоцна.
Покетино и Андре Вилјаш-Боаш имаат искуство во Премиер – лигата, иако Португалецот не е многу успешен во последните години. Тој беше на чело на Зенит Санкт Петербург, Шангај и Олимпик Марсеј по кратки периоди во Тотенхем и во Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













