Connect with us

Меси ќе потпише нов договор со ПСЖ, зошто никој друг и не му упатил понуда

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси е подготвен да потпише нов договор со францускиот шампион. Двете страни се договориле да го продолжат договорот за уште две сезони, со зголемување на платата за Аргентинецот, објави каталонски „Спорт“.


Ова затоа што ниту еден друг клуб не упатил примамлива понуда до светскиот шампион, по што тој одлучил да продолжи да настапува за ПСЖ. Барселона постојано истакнува дека има желба да го врати Меси назад на „Камп Ноу“, но очигледно дека нема финансиска моќ за таков потег.

Се споменуваше неверојатна понуда од Ал-Хилал вредна 300 милиони евра по сезона, но Меси не сака да игра во Саудиска Арабија.

35-годишниот фудбалер настапува за францускиот клуб од 2021 година, кога на слободен трансфер дојде од Барселона. Тој има 15 натпревари оваа сезона во Лига 1, постигнувајќи осум гола и десет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови