
Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане, речиси сигурно ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кој ќе се одржи на 14 февруари. Фудбалерот продолжува да се опоравува од повредата на фибулата со која се здоби во пресрет на Светското првенство во Катар 2022 година.
Според „Мундо Депортиво“, германскиот гигант се обидува да го забрза опоравувањето на Сенегалецот, но неговото учество во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите речиси и не доаѓа предвид.
Реваншот против францускиот шампион се игра на 8 март и дури тогаш постои потенцијална можност Сенегалецот да се вклучи во тимот. Во тековната сезона во Бундес-лигата, Мане одигра 14 натпревари на кои постигна шест гола и забележа три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
