Connect with us

Македонија ЃП се засили со Драган Стојков

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП доведе ново засилување. За „лавовите“ потпиша искусниот играч за врска Драган Стојков, кој досега го носеше дресот на Тиквеш.

Тој треба да биде еден вид замена за Ермедин Адем, кој замина во второлигашот Воска Спорт.

Драган Стојков претходно играше за Работнички и за Беласица, а беше интернационалец во САД, Кореја, Грција, Србија…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови