Челси е подготвен да ја зголеми својата понуда за играчот од средниот ред на Брајтон, Моисес Каиседо. „Сините“ од Лондон веќе потрошија близу 200 милиони евра за трансфери оваа зима, но се подготвени да потрошат повеќе за да го засилат својот среден ред.
Раководството на Челси ќе ја подигне понудата за ѕвездата на „галебите“, откако веќе им е одбиена првата понуда од околу 63 милиони евра. Клубот од „Стемфорд бриџ“ сега ќе понуди сума поблиска до 75 милиони евра, колку што се смета дека бара Брајтон за да го продаде 21-годишниот репрезентативец на Еквадор.
Менаџерот на Челси, Грем Потер, кој беше на чело на Брајтон кога Каиседо пристигна од Индепендиенте дел Вале пред речиси две години, сака повторно да го има во својот тим, сега на „Стемфорд бриџ“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













