
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше очекувано воодушевен од настапот на лидерот во Премиер – лигата на дербито со Манчестер Јунајтед. Според Шпанецот, неговите играчи и покрај тоа што се толку млади, ја задржале ладнокрвноста и верувале дека на крајот ќе стигнат до победата. Тоа им успеа што со голот на Еди Нкетија во 90. минута.
„Многу емоции и многу страст. Не можеше да биде многу подобро од тоа. Нашиот настап беше неверојатен, особено во вториот дел. Бевме мирни и одлучни во исто време. Во ниту еден момент не кревавме паника. Цело време верувавме дека можеме да победиме. Многупати ја покажавме нашата смиреност во шеснаесетникот, но топката не сакаше да влезе. За среќа, конечно успеавме. Не сакам никого да издвојам. Фудбалерите се млади, но самоуверени. Заслужуваме да бидеме таму каде што сме поради начинот на кој играме. Сепак, има многу работи кои можеме да ги направиме подобро“, изјави Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
