Вест Хем би можел да го ангажира капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, на позајмица. Според „Мирор“, лондончани го посакуваат 29-годишниот англиски репрезентативец како замена за Крег Досон, кој е пред трансфер во Вулверхемптон.
Раководството на „чеканите“ разговара и за други опции, но искуството на Мегваер работи во нивна полза.
Најскапиот дефанзивец кој беше стартер за Англија на Светското првенство во Катар, стана четврти избор за Ерик тен Хаг, кој повеќе му верува на тандемото Рафаел Варан – Лисандро Мартинез.
На лето Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го продаде Мегваер, а „Олд Трафорд“ го прифаќаат и фактот дека тоа ќе биде направено со значителна финансиска загуба откако клубот потроши 80 милиони фунти за дефанзивецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













