Connect with us

Гвардиола: Тешко им е на судиите да судат правилно на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекувано го изрази своето незадоволство од израмнувачкиот гол на Манчестер Јунајтед во дербито меѓу двата тима, кое заврши со пресврт и победа на „црвените ѓаволи“. На 1-1 израмни Бруно Фернандеш во 78. минута, откако Маркус Рашфорд, кој беше во позиција од офсајд, ја нападна топката, но не играше со неа.


Помошниот судија на почетокот правилно го подигна своето знаме, но потоа судијата Стјуарт Атвел го потврди голот.

Гвардиола вели дека знае дека е тешко за судиите да донесат правилни одлуки на „Олд Трафорд“.

Сепак, Шпанецот го сподели мислењето дека неговиот тим одигра фантастичен натпревар.

„Натпреварот беше навистина добар. Игравме добро, но тие беа неверојатни во транзиција меѓу различните фази. Не казнија токму со тоа. Честитки за Јунајтед! Но, горд сум што дојдовме овде и игравме така, со таков карактер. Одигравме фантастичен натпревар. Не ми е гајле дали ќе го освоиме Карабао купот или Премиер – лигата откако ќе настапиме вака. Така е многу, многу години. Има уште многу бодови за освојување. Ќе се обидеме.

Израмнувачкиот гол? Во офсајд беше Рашфорд, а не Бруно Фернандеш, а неговите постапки го одвлекуваа вниманието на нашиот голман и нашите дефанзивци. Тоа е ситуацијата. Знаевме каде играме. Тешко им е на судиите на овој стадион“, изјави Гвардиола по дербито.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови