Поранешниот фудбалер на Железничар и на Вележ, Алмир Рашиќ, се наоѓа во кома откако бил претепан и застрелан, пишуваат босанските медиуми.
Синоќа околу 22 часот во Горажде, Босна и Херцеговина, засега непознати напаѓачи, го претепале и му пукале во глава на Алмир Рашиќ. Настанот се случил пред неговиот домот.
Напаѓачите го претепале со палки, а потоа му било пукано и во глава. Тој веднаш бил пренесен во болница во Сараево каде е опериран и се наоѓа во коматозна состојба, се уште се бори за живот.
Босанската полиција трага по напаѓачите.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













