Арсенал е единствениот клуб кој продолжува да има интерес за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Португалецот сака да ги напушти „јорганџиите“, а Арсенал бара замена за повредениот Габриел Жесус.
За Феликс беа заинтересирани и Челси и Манчестер Јунајтед, но според медиумите од Островот тие се повлекле од трката. Причината за ова е што Атлетико Мадрид сака 8 милиони фунти за шестмесечната позајмица на напаѓачот, плус клубот што ќе го потпише ќе мора да му ја исплати и целата плата. Така, вкупната сума ќе надмине 20 милиони.
Арсенал продолжува да работи и на трансферот на Михаило Мудрик од Шахтјор.
Украинскиот тим одби понуда од 57 милиони фунти за крилниот напаѓач, но „топчиите“ не се откажуваат и ќе се обидат да го реализираат овој трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













