Бајката на Македонија силна одекна во цела Европа, но некако посебно ја прифаат Италијанците. Можеби затоа што триото што учествуваше во победничкиот гол за пласман на ЕП, Елмас – Несторовски – Пандев, настапува на „чизмата“.
Селекторот Игор Ангеловски имаше големо интервју за најтиражниот „Газета дело спорт“, а во него покрај величината на Горан Пандев го потенцираше и талентот на Елиф Елмас.
„Горан Пандев е голем, неповторлив, тој е пример и лидер за сите останати во Македонија. Но, Елиф Елмас е исто така фантастичен играч и Наполи во него има огромно богатство. Атмосферата во репрезентацијата на Македонија е нешто единствено, погледнете го само видеото од прес-конференцијата по мечот со Грузија и се ќе ви стане јасно. Целиот тим дојде на официјалната прес – конференција и пееше песни, таква хемија не се создава така често и ние сме горди на тоа“, изјави Игор Ангеловски за италијанскиот медиум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













