Давид Алаба третпат по ред е избран за австриски фудбалер на годината. Дефанзивецот на Реал Мадрид во изборот на австриската новинска агенција АПА ги победи Марко Арнаутовиќ од Болоња, Конрад Лајмер од Лајпциг и Гернот Траунер од Феенорд.
„Тоа ми е многу важно, ме прави среќен“, изјави 30-годишниот фудбалер кој е роден во Виена од татко Нигериец и мајка Филипинка.
Минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Од 2008 година до минатата година беше член на германскиот прволигаш Баерн Минхен.
Алаба доби вкупно 58 поени во изборот, додека Арнаутовиќ на второто место собра 16 поени. Третото место го поделија Лајмер и Траунер кои добија по седум поени.
Давид Алаба одигра 98 натпревари за австриската репрезентација на кои постигна 15 голови. Дебитираше во 2009 година во поразот од Франција (0-1) во квалификациите за Светското првенство, по што набрзо стана стандарден првотимец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













