Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран да го доведе голманот на Астон Вила и аргентински репрезентативец Емилијано Мартинез, објави „Скај Германија“. Мартинез (30) блесна на Мундијалот во Катар и е еден од најзаслужните за титулата на Аргентина, беше прогласен за најдобар голман на турнирот, но се „истакна“ и со недолично однесување.
Сепак, тоа нема да го спречи Баерн Минхен да се обиде да го доведе во своите редови, иако секако Астон Вила ќе го има последниот збор.
Според медиумите, приоритет на Баерн Минхен во зимскиот преоден рок ќе биде доведување голман, откако чуварот на мрежата на баварскиот гигант Мануел Нојер заработи повреда на скијање, скршеница на ногата, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













