
Аргентина е светски првак, откако во неверојатно финале, по изведување пенали, ја совлада Франција со 4-2 на пенали, откако по 120 минути игра беше 3-3. Кингсли Коман и Аурелиен Чуамени не реализираа пенал за Франција, а Емилијано Мартинез го одбрани шутот на Коман.
Меси, Дибала, Паредес и Монтиел беа успешни реализатори на ударите од белата точка.
Неверојатното финале почна со доминација на Аргентина. Лео Меси во 23.минута од пенал донесе водство за Аргентина, а Ди Марија зголеми на 2-0 во 36.минута.
Но, потоа Килијан Мбапе стапи на сцена. Во 80.минута реализираше пенал, а една минута подоцна постигна уште еден прекрасен гол и израмни на 2-2. Мечот отиде во продолженија.
Во 109.минута, Лео Меси постигна гол за 3-2, а во 118.минута Килијан Мбапе од пенал израмни на 3-3.
Потоа сѐ се решаваше на пенали, а Аргентинците славеа и Лионел Меси дојде до трофејот што му недостигаше во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
