Хрватите го заменија второто место од Русија со бронзен медал на Светското првенство во Катар. Селекцијата на Златко Далиќ го совлада Мароко со 2-1, а тој победата му ја посвети на легендарниот тренер Чиро Блажевиќ.
„Ова е бронза со златен сјај. Беше тежок натпревар, ова е медал за целиот хрватски народ, за сите кои навиваат за нас. За две години освоивме два медали. Би сакал да му ја посветам победата на Чиро Блажевиќ, човекот кој го започна сето ова… Шефе, ова е за вас, можам да освојам пет медали, но вие секогаш ќе останете тренер на сите тренери“, изјави Златко Далиќ.
Утре се игра финалето на Мундијалот, а се среќаваат Франција и Аргентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













