Гостивар е на врвот на второлигашката табела. Тимот на Октај Дерелиоглу го заврши првиот дел од сезоната на првата позиција, со бод предност пред најтрофејниот клуб Вардар. Без ниту еден пораз и четири ремија, со дури 11 победи, Гостивар ќе презими како лидер и ќе ја има првата стартна позиција пред пролетниот дел од шампионатот, кога ќе се решава трката за пласман во елитата.
Офанзивен фудбал, желба да се постигне гол повеќе од противникот и да се стигне до триумф. Тоа е филозофијата на Гостивар предводен од Октај Дерелиоглу.
МАКФУДБАЛ го избра Октај Дерелиоглу за најдобар тренер на полусезоната во Втората лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













