Зинедин Зидан би можел да стане нов селектор на Бразил. Неколку извори пренесуваат дека Французинот е меѓу најсериозните кандидати за клупата на Бразил, откако Дидие Дешамп дефинитивно ќе остане на кормилото на Франција до ЕП 2024 година.
Деталите не се познати, но доволно е да се знае дека Зидан е долго време слободен, откако по вторпат го напушти Реал Мадрид и дека ја чека вистинската понуда, а тоа секако би можела да биде селекцијата на Бразил.
Во текот на претходните денови се споменуваа дури и Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти, но Бразилците брзо ги демантираа таквите гласини.
Зидан досега го тренираше само Реал Мадрид, ги има освоено сите можни трофеи, три пехари во ЛШ по ред и има огромен авторитет за да се справи со ѕвездите на Бразил.
И за крај, треба да се потсети дека Зидан како играч го победи Бразил на две светски првенства, во 1998 година во финалето и потоа во четвртфиналето во 2006 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













