Големиот светски ас Лионел Меси со Аргентина е на чекор до освојување на трофејот на Светското првенство во Катар. Тоа е единствениот трофеј што му недостига во кариерата, а ќе се обиде да го освои во својот последен натпревар во дресот на националниот тим.
Тој најави дека в недела ќе го одигра последниот меч во дресот на Аргентина.
„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Светското првенство. В недела ќе играм најдобро што можам, верувам дека ќе успееме да го исполниме сонот. Уживам на ова Светско првенство“, изјави Меси.
Вечерва се игра второто полуфинале на СП меѓу Франција и Мароко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













