Француската фудбалска репрезентација ја тресе здравствен проблем на Адриен Рабио и Дајот Упамекано, на само 12 часа пред почетокот на полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Франција вечерва од 20 часот ќе игра против Мароко во битката за ново финале на СП.
„Триколорите“ се големи фаворити, но Мароко веќе испрати три такви селекции дома од Катар (Белгија во групата,а потоа Шпанија и Португалија).
Дајот Упамекано и Адриен Рабио не можеа да го одработат последниот тренинг поради настинка и зголемена телесна температура. Лекарите имаат уште помалку од 12 часа да ги оспособат за настап.
Станува збор за дуо кое досега беше незаменливо во играта на Дидие Дешамп, а тоа особено се однесува на Рабио кој го носи средниот ред бидејќи веќе се повредени голем број играчи како Пол Погба и Н’Голо Канте.
Дешамп вчера имаше само 22 играчи на располагање на тренингот на стадионот „Јасим бин Хамад“ во Доха.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













