Фудбалерот на Барселона, Жул Кунде, е уверен дека репрезентацијата на Франција е подготвена за утрешниот предизвик во полуфиналето против Мароко на Светското првенство во Катар. Двата тима утревечер ќе се соочат во битка за пласман во финалето.
„Тимот на Мароко игра многу компактно и добро го затвора просторот, оставајќи го играчот со посед на топката со многу малку време за размислување“, изјави Кунде.
„Мораме да играме брзо за да ја нарушиме нивната рамнотежа. Тие можат да бидат опасни при контранапади. Добро се бранат, но не се тим што игра само во одбрана“, коментираше Кунде пред утрешната полуфинална пресметка на шампионатот во Катар.
Жул Кунде започна на три од петте натпревари на Франција на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













