Англискиот премиерлигаш Ливерпул продолжува да ги разгледува можностите за привлекување на фудбалер од средниот ред. Последните месеци постојано се споменуваше името на Џуд Белингем, кој имаше импресивен настап на Светското првенство во Катар.
Сега, сепак, на дневен ред е името на уште еден импресивен млад играч од средниот ред, аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.
Португалскиот „Рекорд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со раководството на Бенфика и биле одржани првични разговори за играчот. Не е јасно дали газдите на гигантот од Лисабон би биле подготвени да се разделат со него, бидејќи Енцо Фернандез пристигна во тимот ова лето и има договор до 2027 година.
Од „Естадио да Луж“ веројатно ќе постават многу сериозна сума за продажба на играчот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













