Луј ван Гал подготвува „одмазда“ за Аргентинците. Како селектор на Холандија, тој беше елиминиран во полуфиналето на СП 2014 во Бразил од Аргентина по подоброто изведување пенали.
Тоа беше еден од најтешките порази во кариерата на Ван Гал, а осум години подоцна има можност да му се реваншира на Лионел Меси, кој секако ќе биде главна закана.
Сепак, Ван Гал има план за најдобар играч во светот.
„Меси е убедливо најопасниот креативен играч на Аргентина. Тој е способен да создава шанси и да постигнува голови од ништо. Меѓутоа, кога ќе ја загуби топката или некој од неговите соиграчи не се труди да учествува многу, тие моменти ќе бидат наша шанса“, изјави Ван Гал.
Новинарите се интересираа како планира да го запре Меси, а неговиот одговор остана тајна.
„Ќе видите во петок“, изјави холандскиот селектор.
Одговорот ќе го дознаеме во петок, од 20 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













