Нејмар со својот гол од пенал во 13.минута во осминафиналето против Јужна Кореја го израмни подвигот на две икони на бразилскиот фудбал – кралот на фудбалот Пеле и феноменот Роналдо.
Ѕвездата на ПСЖ стана само третиот Бразилец кој постигнал гол на три различни светски првенства. Нејмар постигна четири гола на домашно тло на Светското првенство во Бразил 2014 година и додаде уште два гола на Мундијалот во Русија во 2018 година.
Голот против Корејците беше прв за Нејмар на Светското првенство во Катар, кој поради повреда ги пропушти претходните два натпревари на „селесао“.
Neymar is the third Brazilian man to score at three different World Cups, after Pele and Ronaldo 👏 pic.twitter.com/nCdDegqaLd
— GOAL (@goal) December 5, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













