Селекторот на Германија, Ханси Флик, разбирливо беше многу разочаран по елиминацијата на Германија од Светското првенство во Катар. Бундес-тимот победи со 4-2 против Костарика, но тоа не беше доволно за да продолжи кон нокаут фазата.
Тој нема да поднесе оставка по дебаклот.
„Ќе се справиме брзо со тоа, тешко е да се одговори веднаш по натпреварот и откако ќе бидеме елиминирани. Ќе го направам тоа многу, многу брзо“.
„Мораме да бидеме подобри на тренинзите и во развојот на фудбалерите. Со години зборуваме за централните напаѓачи кои ни се потребни, како и квалитетни играчи од средниот ред. Одбраната со години го одликуваше германскиот фудбал. Треба да се вратиме на основите“, истакна Ханси Флик.
За поразот на Шпанците од Јапонија со 2-1, Флик одговори:
„Разочарувањето е огромно, но никогаш не ги гледам другите тимови. Самите сме виновни, мора да се погледнеме во очи. Моравме да оствариме подобри резултати, имавме доволно шанси за тоа и против Јапонија и против Шпанија“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski