Италијанскиот калчолигаш Јувентус денеска доби нов претседател, Џанлука Фереро. Откако синоќа се случи голем шок и оставки поднесоа сите членови на раководството на Јувентус, од денеска се формира нова управа предводена од Фереро.
Тој досега беше менаџер на компанијата „Ексор“ која е под контрола на семејството Ањели, па нивната рака секако ќе продолжи да владее со клубот.
Фереро е докажан фан на Јувентус, објаснуваат од компанијата „Ексор“, а тоа го прави вистински наследник на Андреа Ањели. Тој е ревизор, беше задолжен за целата документација во „Ексор“, но тоа не треба да биде крај на проблемите на Јувентус.
Имено, за „старата дама“ на финансиски план ќе следи предизвикувачки период. Вчера беше одржан состанок и со Алегри, за кого не би било изненадување да си замине од клубот, иако тоа е помалку веројатна опција.
Имиња како Алесандро дел Пјеро и Џорџо Кјелини се очекува да добијат свои функции во клубот во форма на почесни претседатели или некои други спортски улоги.
Ањели, Недвед и Аривабене решија да го напуштат клубот за да може истрагата да се одвива непречено поради нивното катастрофално менаџирање на финансиите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













