Германскиот напаѓач Лирој Сане може да го пропушти и вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во фудбал во 2022 година против Шпанија, пренесуваат германските медиуми. Крилниот напаѓач се уште не учествува на тренинзите со тимот и се подготвува индивидуално поради повреда на коленото.
Селектрот Ханси Дитер Флик, изрази надеж дека Сане ќе има време да се опорави за важниот натпревар со „црвената фурија“. Поради повредата, фудбалерот го пропушти првиот натпревар на Германците на Светското првенство што изненадувачки го загубија со 1-2 против Јапонија.
Средбата со Шпанија на 27 ноември од 20 часот е клучна за четирикратниот светски првак Германија, бидејќи уште еден пораз може да ја исфрли репрезентацијата од трката уште во групната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













