Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Финска на пријателскиот натпревар во Скопје. Гостите дојдоа во водство со голот на Оливер Антман во 37.минута, а израмни Енис Барди од пенал во 75.минута од мечот.
Селекторот Благоја Милевски вели дека многу работи, посебно во тактичкиот дел и поставеноста на тимот, не му се допаднале. Посебен сегмент е и реализацијата на шансите.
„Создадовме неколку убави шанси, но повторно реализацијата затаи. Има моменти што се добри, но исто така и работи што не ми се допаднаа. Ме радува враќањето на Илија Несторовски и жал ми е што не постигна гол. Што се однесува на тактички план, тука мора да се подобриме сериозно, затоа што нѐ чекаат натпревари со сериозни противници во групата за ЕВРО 2024“, изјави Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













