Connect with us

Инфантино побара прекин на војната во Украина за време на СП во Катар

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на прекин на воените дејствија во Украина за време на Светското првенство, пренесува Ројтерс. За време на ручекот со лидерите на самитот на Г-20 на Бали, Инфантино истакна дека Светското првенство кое почнува в недела во Катар е единствена можност за прекин на огнот во Украина.


„Моето барање до сите е да размислат за привремен прекин на огнот за еден месец за време на Светското првенство или барем спроведување на некои хуманитарни коридори. Направете нешто што може да доведе до обновување на дијалогот, што би бил првиот чекор кон мирот“, изјави Инфантино.

Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

„Вие сте лидери на светот, имате можност да влијаете на текот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат света платформа на единство и мир низ целиот свет“, додаде првиот човек на ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови