Милан во последните четири години помина низ интересен пат на трансформација. Беа пред финансиски амбис, но со макотрпна работа и паметни вложувања дојдоа во ситуација во голема мера да си ги вратат долговите и во своите витрини да го донесат трофејот за шампион на Италија.
Еден од најзаслужните за ваквото пријатно патување е извршниот директор на клубот, Иван Газидис.
Поранешниот функционер на Арсенал имаше задача да го стави клубот на здрави основи и успеа во тоа. Тој сега го напушта клубот бидејќи договорот му истекува на 5 декември и клубот веќе се прости од него преку сите официјални медиуми.
Милан најави дека наскоро ќе биде именуван негов наследник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













