Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Арсенал, доживеа елиминација во Карабао купот, откако на „Емирати“ загуби од Брајтон со 1-3.
Едвард Нкетија погоди за „топчиите“, но Брајтон израмни од пенал со голот на Дани Велбек. Во вториот дел, победата за гостите ја донесоа Митома и Лемпти.
Манчестер Сити го елиминира Челси совладувајќи го на „Итихад“ со 2-0. Ријад Махрез и Хулијан Алварез на почетокот на второто полувреме ги постигнаа головите за Сити.
Нотингем Форест беше подобар од Тотенхем со 2-0. Стрелци на головите беа Лоди и Лингард.
Њукасл на пенали го елиминира Кристал Палас (3-2) откако мечот заврши без голови. Ливерпул на сличен начин на пенали го елиминира Дерби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













