Манчестер Сити објави рекордни приходи и рекорден профит за финансиската година 2021-2022. Англискиот шампион имаше приходи од 613 милиони фунти и добивка за периодот од 41,73 милиони фунти. Ова се вторите најсилни финансиски резултати во англискиот фудбал по оние на Манчестер Јунајтед во 2019 година, кога „црвените ѓаволи“ имаа приходи од 627 милиони фунти.
„Во 2008 година си поставивме цел да ги надминеме стандардите поставени од другите клубови, за да го намалиме јазот со нив. Целта ни беше еден ден да ги поставиме стандардите за другите. Статистиката и резултатите покажуваат дека почнуваме да ја исполнуваме оваа долгорочна амбиција“, изјави во оваа прилика претседателот на клубот, Халдон ал-Мубарак.
Финансиските резултати за периодот од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 година покажуваат дека Манчестер Сити остварил профит од 67,6 милиони фунти од продажбата на играчи. За последните пет години приходот е вкупно 250 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













