
Рома го победи Лудогорец со 3-1 на „Олимпико“ и го освои второто место во групата Ц, кое носи пласман во нокаут фазата од Лига Европа. Тимот на Жозе Мурињо имаше негатива на полувремето откако за гостите погоди Рик, но Лоренцо Пелегрини двапати реализираше од пенал, а најзаслужен беше Николо Заниоло кој беше соборен во шеснаесетникот. На крајот, Заниоло го постигна третиот гол за „волчицата“.
Првото место во групата го освои Бетис по триумфот над Хелсинки со 3-0. Аитор Руибал беше двоен стрелец, а погоди и Набил Фекир.
Фенербахче со триумфот од 0-2 на гости кај Динамо Киев мина како првопласиран тим во групата Б со 14 бода. Гулер и Арао ги постигнаа головите за турскиот тим, а Езгјан Алиоски влезе во игра во 79.минута. Рен и АЕК Ларнака ремизираа 1-1.
Арсенал со 1-0 го победи Цирих и го освои првото место во групата А. Киран Тирни го постигна голот за „топчиите“ во 17.минута. ПСВ со 1-2 славеше кај Бодо/Глимт и помина во нокаут фазата како второпласирана екипа.
Унион Берлин со победата во Белгија против Сент Жиле (0-1) се протна во следната фаза од Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
