Најтрофејниот македонски клуб Вардар оствари триумф од 2-1 против Воска Спорт во дербито на 10.коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Дарио Десниќ го отвори резултатот во 18.минута, а само две минути подоцна Дарко Мицевски постигна убавец за 2-0. Воска Спорт намали на 2-1 во 80.минута со голот од пенал на Изаир Емини.
Вардар сега е лидер, а Гостивар дојде на второто место откако го победи Кожуф во Гевгелија со 0-3. Антонио Каланоски и Стојан Стојчевски обезбедија два гола предност за гостиварци во првото полувреме, а Лазар Пеев со шут од далечина го постигна третиот погодок.
Пелистер славеше против Беласица со 1-0. Единствениот гол го постигна Никола Наумоски во првото полувреме.
Арсими ја победи Беса со 2-0, а Караорман на гости го победи Борец со 0-2)
Охрид во финишот дојде до триумф од 1-0 над Каменица Саса. Детонит Плачовица исто така во завршницата постигна победничи гол (3-2) против Локомотива Пехчево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













