Гостивар му го нанесе првиот пораз на Вардар оваа сезона во Втората лига откако го совлада во дербито со 1-0. Антонио Каланоски го изнуди и го реализираше пеналот во 16.минута од дуелот.

Вардар се обиде да возврати, но не успеа. Дербито беше тензично, но, сепак, беше прикажан борбен и допадлив фудбал.

Воска Спорт го презеде врвот откако го победи Тетекс со 4-0. Абдулвахит Мурати постигна хет – трик, а стрелаше и Илбер Беќири.
Пелистер исто така со 0-4 славеше на гости во Велес против Борец. Маневски, Мустафов, Дуков и Здравевски стрелаа за Пелистер.
Караорман и Детонит Плачковица ремизираа 1-1, а Беса славеше против Кожуф со 3-0. Каменица Саса го совлада Аресими со 1-0, а Охрид оствари минимален триумф (0-1) против Локомотива со голот на Кристијан Костовски. Беласица оствари триумф (1-2) на гости кај Слога Виница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













