
Македонскиот второлигаш Тетекс добива ново раководство. Клубот со голема традиција финансиски ќе биде спасен од раководството на ФК Љуботен.
„Цело Тетово едно фудбалско семејство! На задоволство на сите љубители на фудбалот во Тетово, со особена чест и гордост, сакаме да објавиме дека раководството на ФК и ЖФК Љуботен, го превзема под своја капа и ФК Тетекс, со што своето семејство го проширивме со клуб, со 70 годишна традиција, која ќе продолжи по патеките на успехот.
На ФК Тетекс по турбилентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група “Војводи”, решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува!
Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај.
За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки.
Околу амбициите и плановите, новото раководство во текот на наредната недела ќе има и официјална прес – конференција, каде ќе бидете известени за нашите идни работи“, соопштија од ФК Љуботен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
