Connect with us

Втора лига: Вардар минимално, Воска поубедливо, Гостивар спектакуларно

Лидерот Вардар го задржа врвот на табелата во Втората фудбалска лига откако во „Автокоманда“ ја совлада Беса со 1-0. Бенјамин Демир со удар со глава по корнер од левата страна ја погоди мрежата на гостите во 68.минута.


Гостивар „пукна“ седумка против Тетекс, на кого очигледно дека му помага ниту еден тренер, откако Љупчо Димовски сега го пезеде копрмилото. Каланоски постигна хет -трик, Велинов стрелаше со „ножички“, а погодија и Танушев, Крстевски и Демири.


Пелистер оствари сигурна победа (3-0) против Слога Виница. Христијан Драгарски брзо го отвори резултатот, Никола Наумоски беше стрелец на вториот гол, а во завршницата Петар Љамчевски постигна гол со петица.


Воска Спорт беше убедлива кај Беласица и славеше со 1-3, а Охрид го доби „езерското дерби“ против Караорман со 1-0. Детонит Плачковица исто така со 1-0 го победи Борец, додека без погодоци одиграа Арсими и Локомотива.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови