Челси и вторпат го победи италијанскиот првак Милан, овојпат на „Сан Сиро“ со 0-2 и се искачи на врвот на табелата во групата Е. Фикајо Томори беше исклучен во 18.минута, можеби и престрого, а Жоргињо од пенал донесе водство во 21.минута. Вториот погодок за Челси беше дело на Пјер – Емерик Обамејанг во 34.минута од мечот.
Реал Мадрид во финишот избегна пораз (1-1) од Шахтјор Доњецк. Антонио Рудигер погоди во 95.минута, откако Зувкоб обезбеди предност за украинскиот тим на почетокот на второто полувреме.
ПСЖ и Бенфика повторно одиграа 1-1, овојпат во Париз. Килијан Мбапе во 40.минута погоди од пенал, а на ист начин возврати Жоао Марио во 62.минута.
На „Максимир“, Динамо Загреб одигра 1-1 против Салцбург. Саивалд донесе водство за гостите, а израмни Љубичиќ.
Борусија Дортмунд и Севилја ремизираа 1-1, а Лајпциг го совлада Селтик на гости со 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













