Дебаклот на Вардар во Тетово одекна како големо изненадување во македонската фудбалска јавност. Ренова комплетно ги надигра и ги победи „црвено-црните“ со 4-0, а според шансите можеше да биде и поубедливо. Тренерот на победничкиот тим, Никола Илиевски – Џиџи, заслужено го носи епитетот најдобар тренер во 20.коло од Првата фудбалска лига.
„Според реjтингот можеби и звучи како изненадување, но можам да кажам дека апсолутно го заслуживме триумфот. Можеше да биде и поубедливо доколку реализиравме уште неколку одлични шанси пред противничкиот гол. Драго ми е што формата на тимот оди во нагорна линија и кога ќе се ни се вратат уште неколку играчи кои се повредени, верувам дека ќе бидеме уште подобри“, вели Никола Илиевски Џиџи за МАКФУДБАЛ.МК.
Тактички го надмудри својот помлад колега од Вардар, Александар Васоски, но заслугите сепак им ги припишува на фудбалерите.
„Вардар има одличен тим, го тврдам тоа, но очигледно е дека во моментов не се во најдобра форма. Не успеавме да го победиме Работнички во Скопје, но побарав од фудбалерите да влезат максимално мотивирани на дуелот со Вардар. Кога видов дека Битанг ќе игра на позицијата десен бек, која не му е природна, и дека младиот Димовски е во првиот тим, за што му честитам на Васоски, малку ја променивме тактиката. Удривме на слабите точки на Вардар и ги разбивме. Можеби и рано дадените голови го деморализираа противникот кој потоа немаше одговор“, истакнува тренерот на Ренова.
Во следното коло, Ренова му гостува на Силекс во Кратово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski