Connect with us

Втора лига: Вардар ја освојува Каменица, Гостивар домаќин на Беласица

Вардар, Воска и Гостивар се трите екипи кои немаат почувствувано пораз во второлигашката конкуренција и сакаат така да остане и по денешното коло. Најтрофејниот клуб гостува во Каменица и ќе игра против Саса, додека Гостивар во можеби и најинтересниот натпревар ќе биде домаќин на Беласица која доаѓа со нов тренер.

Воска Спорт на домашен терен ја пречекува Слога Виница, а Пелистер ќе биде гостин во Радовиш и ќе игра против Детонит Плачковица.

Беса е домаќин на Тетекс, Борец ќе игра против Охрид, а Караорман ќе го пречека Аресими.

Натпреварите се играат од 14 часот.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови