Легендарниот шпански голман Икер Касилјас е цел на шпанските медиуми. Неколку таблоиди, но и сериозни шпански медиуми, објавија дека легендата на Реал Мадрид наводно е во врска со Шакира која раскина со Жерар Пике.
Шакира и шпанскиот репрезентативец Жерар Пике (35) потврдија дека се разделуваат на 4 јуни 2022 година, по 12 години врска. Оттогаш двајцата се обидуваат да постигнат договор за условите за разделба, но, засега, безуспешно.
Икер Касилјас се разведе од новинарката Сара Карбонеро во март 2021 година. Гласините за блиска врска со Шакира се појавија уште пред Пике да биде партнер на познатата пејачка.
Сепак, Икер Касилјас остро ги демантираше информациите кои неодамна се појавија во шпанските медиуми, објавувајќи на Инстаграм неколку видеа со вестите кои се појавија за наводната врска со Шакира. Поранешниот голман додаде навреда на шпански за да го покаже својот бес од гласините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













