Connect with us

Сањол: Нормално беше Македонија да напаѓа…

МАКФУДБАЛ во Тбилиси,

Македонија загуби од Грузија со 2-0 и ги загуби шансите за првата позиција во групата. За разлика од оној меч во плејофот за ЕВРО 2020, сега Грузијците се тие кои се радуваат на пласман понатаму во Лигата на нации.

„Среќни сме што успеавме да ја победиме Македонија вторпат. И во најавата на мечот кажав дека тие се силен тим, дека знаат да играат квалитетно, а тоа го покажаа и вечерва. Ние почнавме малку бавно, можеби и поради притисокот што го носеше важноста на натпреварот, но првиот гол не „живна“, а имавме голема поддршка и од публиката. На крајот, најважно во фудбалот е да се победи. Македонија тргна отворено и офанзивно затоа што им беше потребна победа, а ние ги чекавме нашите шанси и тоа се покажа како добра идеја“, изјави Вили Сањол, селекторот на Грузија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови