МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) ќе и се спротистави на Грузија во Тбилиси во претпоследниот меч од тековниот циклус во Лигата на нации. По поразот (0-3) во Скопје, Македонија сонува за триумф со четири гола разлика, но тоа, реално, ќе биде многу, многу тешко и да се реализира.
Ослабени, поради отсуствата на капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Дарко Чурлинов и Валон Етеми, и значително подмладени, фудбалерите сепак се оптимисти. Атмосферата ја пренесува Езгјан Алиоски.
„Овде ние го остваривме сонот, го знаеме многу добро овој стадион. Но, тоа е сега минато. Тогаш немаше публика, но ние се плашиме од навивачи, туку се радуваме кога ги има. Ние играме фудбал токму за навивачите. Ова е сега сосема поинаков натпревар, но ние секако сакаме да ја оствариме својата цел. Веруваме дека можеме да стигнеме до победа“, изјави Езгјан Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













