
Дербито од Втората македонска фудбалска лига меѓу Гостивар и Воска Спорт заврши 2-2, а мина во тензична атмосфера. На трибините дојде и до физичка пресметка, а раководството на Воска информира дека било нападнато нивното раководство од хулигани од Гостивар.
Во соопштението на Воска Спорт се вели:
„СКАНДАЛ.
Хулигани на Гостивар го нападнаа раководството на Воска Спорт. Во рамките на петтото коло Воска му гостуваше на Гостивар, екипа која исто така е претендент за титулата. Имајќи ја в предвид важноста на оваа средба, Воска беше максимално подготвена за мечот со Гостивар чии челници заедно со дел од нивните навивачи хулигани покажаа многу ниска спортска култура.
Се чини дека голот кој го даде Ардит Демири воопшто не им се допадна на челниците на Гостивар, кои само за да го заплашат нашиот тим и да победат, наместо да ја покажат силата на теренот, тоа го направија надвор од него, напаѓајќи го раководството на Воска Спорт. Ова е скандалозен чин на челниците на Гостивар кој има европски амбиции. За жал, денешниот случај го покажува спротивното, бидејќи клуб кој сака во иднина да игра во Европа, за резултати треба да се бори на зелениот терен, а не преку покажување „мускули“, бидејќи и на тој начин не ја постигнаа целта.
Фудбал се игра на зелениот терен драги гостиварчани, или пак вие што стоите позади овој клуб. На трибини местото им е на вистинските љубители на фудбалот, а не на хулигани кои ги плаќате да ве подржуваат на фудбалски натпревари, оти вие вредноста на еден сериозен тим, или пак претендент за влез во Прва лига, го загубивте уште од пред неколку недели, кога бевте нападнати од вашите сопствени фанови преку социјалните мрежи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
