Френки де Јонг се качи на авион за Лондон и тоа веднаш го вклучи алармот кај светските медиуми дека ќе прави трансфер во Челси. Сепак, вистинската причина за неговиот лет набрзо се појави во јавноста.
Откако на аеродромот веднаш по Де Јонг се појави Мемфис Депај, неговиот соиграч од репрезентацијата, упатените открија дека Холанѓанецот е на пат за Англија на свадбата на Дони ван де Бек.
Сигурни извори во Каталонија веднаш стапиле во контакт со нивните контакти во клубот по снимката од аеродромот, а нема индикации дека Де Јонг ќе си замине.
Поточно, сигурно е дека Де Јонг ќе остане и тоа без намалување на платата, што не значи дека во наредниот период нема повторно да преговара со раководството на Барселона.
Се очекува до крајот на преодниот рок од Барселона да си заминат Мемфис Депај и Пјер-Емерик Обамејанг, а клубот да го раскине договорот со Мартин Брајтвајт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













