Connect with us

Страшна вест од Рим: Вајналдум има скршеница на ногата

Италијанскиот калчолигаш Рома објави дека Џорџинио Вајналдум ја скршил коската (тибија) на ногата и најверојатно ќе му биде потребна операција по само еден натпревар. Тој се здобил со тешката повреда на вчерашниот тренинг на тимот.


„По повредата здобиена за време на тренингот во неделата попладне, Џорџинио Вајналдум беше подложен на медицински тестови кои потврдија фрактура на тибијата на десната нога. „Играчот ќе биде подложен на дополнителни лекарски проценки во наредните денови. Напред Џини!“, објавија од Рома.

31-годишниот холандски репрезентативец се надеваше дека ќе го има својот прв настап на „Олимпико“ на денешниот натпревар со Кремонезе. Јасно е дека ќе мора долго да паузира, најверојатно ќе го пропушти и Светското првенство во Катар.

Вајналдум во ноември ќе наполни 32 години и веќе имаше низа проблеми со повреди минатата сезона, што му ја ограничи минутажата во Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови