Мегаталентираниот македонски голман Васко Василев (18) е пред трансфер во португалскиот гигант Порто. Тој одреден период веќе работи со тимот на Порто, португалскиот клуб е задоволен од неговите квалитети и се водат преговори за реализација на посакуваниот трансфер.

Васко Василев е член на Црвена Звезда, поточно на филијалата на српскиот шампион Графичар, а неговите квалитети при настапите за младинските репрезентации на Македонија ги забележаа скаутите на Порто кои сакаат да го доведат на „Драгао“.

Василев е еден од најталентираните голмани што Македонија ги имала во последните неколку години, тој ги мина сите национални младински категории, а во моментов настапува за репрезентацијата на Македонија до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













