
Единсон Кавани ќе го носи дресот на Бока Јуниорс. Уругваецот чекаше понуди од Европа, го бараа клубови од Турција, имаше одредени понуди и од Италија и од Шпанија, но, сепак, не размислуваше многу кога се појави Бока Јуниорс.
Според аргентинските медиуми, конечно е готово, Бока се согласила со неговите услови и „Ел Матадор“ ќе игра за еден од најголемите клубови во светот.
Претходно изјави дека желба му е да игра на „Бомбонера“, како млад заминал во Европа од родниот Данубио, пред повеќе од 15 години и по богата кариера ќе го исполни сонот и ќе заигра за Бока Јуниорс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
