Повратникот во Јувентус, Пол Погба ја одложи консултацијата со француски лекар закажана за денеска, бидејќи стравува дека може да го пропушти Светското првенство. Играчот од средниот ред заработи повреда на латералниот менискус на тренинг во Лос Анџелес и мора да одлучи дали ќе оди на операција.
Погба имаше закажана консултација во Лион со професорот Сонери Коте-Бертранд, кој исто така го оперирал коленото на Златан Ибрахимовиќ, но ја откажал.
Причината е што Французинот сака уште малку време да размисли што да прави. Свој став за повредата ќе искажат и медицинските штабови на Јувентус и на француската фудбалска репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













