Челзи се вклучи во трката за ѕвездата на Ајакс, Ентони, откриваат медиумите на Островот. За него сериозно се интересира и Манчестер Јунајтед, а Ајакс ја одби првата понуда на „црвените ѓаволи“ како премногу мала.
Бразилецот игра како крилен напаѓач и минатата сезона имаше ефект од 12 гола и 10 асистенции во дресот на Ајакс, привлекувајќи го вниманието на европските гиганти.
Првата понуда од Манчестер Јунајтед беше одбиена, а сега во трката се вклучи и Челси.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ се чини дека е подготвен да ја плати сумата од 70 милиони евра колку што бара Ајакс, со оглед дека претходно ја загуби битката со Барселона за Рафиња и за Жул Кунде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













