Хрватскиот шампион Динамо Загреб утревечер (21 часот) го пречекува Шкупи во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Хрватските медиуми објавија видео-сторија на каков начин тимот од Чаир се враќал од патувањето во Гибралтар.
Со редовна линија, со прелети и застанување во Виена, а фудбалерите „дремеле“ во Мекдоналдс.
„Поневеројатно од поразот на Шкупи (2-0) од Лонколн во Гибралтар звучат и информациите дека играчите на македонскиот шампион по натпреварот во Гибралтар осум часа престојуваа на плажа, а следната дестинација им била Виена, каде стигнаа со редовна линија од Малага. Клубот штедел на трошоци за сместување, и во Виена тимот кој го води Гоце Седлоски не бил сместен во хотел или некое друго слично сместување, туку играчите спиеле во ‘МекДоналдс’. Таму минале десет часа, а видео запис од таа несекојдневна глетка осамна и на социјалните мрежи. Потоа од Виена со авион до Белград, за патешествието да продолжи со автобус од Белград до Скопје. Навистина чудна организација на патување, посебно ако се знае дека УЕФА и тоа како финансиски го наградува учеството во европските натпреварувања. Вкупно Седлоски и неговите играчи на пат минале два дена, што е зачудувачки за шампион на една европска земја“, пишува „Јутарњи лист“.
Шкупи веќе е во Загреб, каде вечерва ќе тренира на „Максимир“, во пресрет на утрешниот прв натпревар со Динамо Загреб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal